Вељаноски утре ќе го потпише Решението за распишување предвремени избори

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски утре, точно напладне ќе го потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Собранието попладнево со гласовите од сите присутни пратеници одлучи да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори.

За предлог одлуката за самораспуштање гласаа сите 117 пратеници кои присуствуваат во салата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.