Вељаноски за Водици во Хром

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денес ќе присуствува на големиот богојавленски водосвет и фрлањето на Чесниот крст во водите на реката Вардар на „Железниот мост“ во населбата Хром.

Во населбата Хром, свештениците од двата храма „Св. Петар и Павле“ од Ѓорче Петров и „Св. Пантелејмон“ од Нерези ќе одржат заедничка служба.