Вељановски и’ даде дополнително време на опозицијата

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, ја прекина денешната седница на која требаше да се верифiкуваат поднесените оставки на опозициските пратеници, со образложение дека остава простор за меѓупартиски дијалог, кој е важен за демократскиот развој на земјава и нејзините евроинтеграции.

На денешната седница воедно требаше  да расправа и за законските измени, поднесени од група пратеници, според кои се скратува времето на користење апанажа за пратениците кои нема да бидат во Собранието цел мандат. Имено, доколку се усвојат имените, пратеник ќе може да зема апанажа и тоа:  три месеци, ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, шест месеци, ако мандатот на пратеникот траел од шест месеци и еден ден до 12 месеци, девет месеци, ако мандатот на пратеникот траел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и 12 месеци, ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе.