Вељановски ги повика странските набљудувачи за претседателските избори

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски денеска ги извести и покани странските набљудувачи да ги мониторираат претстојните претседателски избори.

Вељановски ги извести претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, г. Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-ѓа Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, г. Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на изборот на претседател на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија.