Вељановски го констатира временото повлекување на Груевски од функцијата премиер

Вељаноски закажа седница на Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски попладнево во рамки на 87. седница го констатира временото повлекување на Никола Груевски од функцијата претседател на Владата.

Како што рече Вељаноски, повикувајќи се на член 220 од Деловникот на Собранието, со повлекувањето на премиерот, престанува и мандатот на членовите на Владата.

Врз основа на член 93 став 5 од Уставот, Владата останува на должност до изборот на нова Влада.

Вечерва во 19.30 часот претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.