Вељановски на конференција во Италија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Сенатот и претседателот на Домот на пратеници на Италијанската Република, денес и утре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија во Рим.
На конференцијата, Вељановски ќе има обракање на тема „Европа по кризата: нови патишта на раст“.

Во неговото второ обраќање пак, тој ќе говори на тема „Јакнење на политичкиот дијалог“.