Вељко на сослушување заедно со Цеца

Утрово околу 8. 45 часот Цеца Ражнатовиќ заедно со синот Вељко присуствуваше на сослушувањето поради нападот врз него и неговата тогашна девојка Маша Терзиќ, пишува српски „Курир“.

Цеца Ражнатовиќ заедно со нејзиниот син Жељко пристигнала во Судот држејќи го за рака, а 10 минути после нив пристигнал и нивниот адвокат Миша Петровски. Во судницата се задржале околу еден час. Во периодот кога се случи нападот Жељко беше малолетен, па затоа сослушувањето било одржано на одделот за малолетници.

Вељко Ражнатовиќ во мај минатата година беше нападнат од страна на 30 момчиња пред куќата во која живее. Групата организирала заседа и го нападнала во моментот кога тргнал да ги испрати другарите. Се наведува дека Ражнатовиќ за среќа се здобил само со полесни повреди, затоа што напаѓачите избегале за неколку минути.

Според адвокатот Петровски, Вељко стоел пред куќата со неговата тогашна девојка Маша Терзиќ кога првиот камен паднал пред нејзините нозе, а вториот камен ја погодил неа во рака. Тој се обидел да ја заштити, а во кратката расправа со групата момчиња дошло до превирања, по што обезбедувањето на Цеца успеале да го извлечат Вељко.

– Синот на Цеца вели дека не ги познава момчињара и негира било каква одговорност, поради што исказите на одбраната се нелогични и контрадикторни, вели Петровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.