среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 32

Велков: Целиме да бидеме победници на Јуниор лигата

„Делчево Вардар” годинава во Вардар Јуниор лигата настапува со две екипи во категоријата 2006/09 и екипи момчиња и девојки во категорија 2002/2003, а според тренерот Горан Велков со овој состав девојките имаат шанси да го освојат првото место.

јуниор

Поврзани вести

„Делчево Вардар” и годинава има екипи за финалето на Вардар Јуниор лигата. Девојките во категоријата 2002/03 имаа впечатливи победи во првите две кола, а нивниот тренер Горан Велков најавува дека и од машката екипа очекува сличен резултат. „Делчево Вардар” годинава во Вардар Јуниор лигата настапува со две екипи во категоријата 2006/09 и екипи момчиња и девојки во категорија 2002/2003.

„Минатогодишните победнички на Вардар Јуниор лигата во категоријата 2000/01 годинава се натпреваруваат во кадетската и младинската лига на Ракометната федерација на Македонија, додека помладите 2002/2003 годиште се натпреваруваат во Вардар Јуниор лигата. Сметаме дека во лигата ќе имаат повеќе натпревари и дека со овој состав имаме шанси пак да го освоиме првото место. Засега ги исполнуваме очекувањата. Момчињата, пак, се натпреваруваа на претходниот зимски турнир ‘Еден живот една љубов’, во организација на Ракометната академија Вардар. Лани немавме машка екипа во Јуниор лигата и годинава првпат се натпреваруваат, тие се добро подготвени и очекуваме и со нив да влеземе во првите четири екипи за фајнал фор”, вели тренерот Велков.

Иако е се уште рано да се прогнозира како ќе се одвиваат натпреварите до финалето кое треба да се игра кон крајот на мај 2017, но по првите две кола девојките од „Делчево Вардар” со двете победи се први на ранг листата во нивната категорија.

„За 2002/03 година се уште е рано да кажеме како врз нивниот напредок влијае Јуниор лигата. Овие девојки тренираат со кадетките и младинките, особено првиот состав од екипата тренираат со поголемите групи и мислам дека тие се поцврсти, посилни. Имаат основни познавања на ракометната игра, работиме повеќе на техниката и тактиката, и сега во лигата гледам дека со тие показатели добро се снаоѓаат. Дел од нив се вклучени во кадетската екипа на нашиот тим и нив Вардар Јуниор лигата им доаѓа како плус стимул и искуство за натаму да напредуваат”; вели Велков.

Двете екипи од „Делчево Вардар” кои се натреваруваат во мини ракомет двата натпревари ги играа во Скопје во СЦ „Јане Сандански”.

„Најмалите се најмногубројни. Сакаат да патуваат, нема знаци на умор и сакаат што повеќе да патуваат и да се натпреваруваат. Со нив лани овој период почнавме да работиме. Значи речиси цела година тренираме по три пати неделно и мислам дека сме на добар пат и од нив да направиме една одлична екипа. На натпреварите во двете кола победија и двете екипи. Со нив не работиме ракометна игра туку преку разни игри и повеќе сме концентирани на основните елементи од ракометната игра. Кон крајот на тренингот имаме и пет минути игра”, вели Велков.

Овие дечиња се натпреваруваа и на последниот зимски турнир.

„На турниорот се запознавме со дечиња од Скопје и децата продолжија да комуницираат. Има иницијатива да организираме дружење, односно, тие да дојдат кај нас на гости а ние кај нив. Тоа да биде со преспивање, па и да и организираме и натпревари. Мислам дека тоа ќе биде наскоро”, вели Велков.

За сите кои сакаат да се вклучат во ракометната школа на „Делчево Вардар” тоа може да го сторат преку следниве контакти:

Тренер Горан Велков
Мобилен: 078 291 470
Email: grnvelkov@yahoo.com

Најчитани вести