Велковски пишува историја во ФК Сараево

Велковси пишува историја во ФК Сараево

Велковски пишува историја во ФК Сараево.

Во неделниот меч против Борац, тој го постигна 21-от погодок за Сараево на првенствените натпревари, со што го помина Емир Хоџиќ, со кој ја делеше десеттата позиција.

На врвот на листата на најдобри стрелци на Сараево во првенствените натпревари од 1994 година досега се наоѓа Емир Обуча со 62 гола. Зад него се Ален Авдиќ и Ален Шкоро со по 55, а понатаму следуваат: Џемал Смјечанин (47), Аднан Османхоџиќ (34), Един Шарановиќ (32), Албин Пелак (30), Џенан Ушчуплиќ (25) и Амар Ферхатовиќ (21). Со оглед на тоа што е рана фаза од сезоната, Велковски со еден гол ќе го помине Ферхатовиќ и да го продолжи прогресот кон врвот.

Уште одамна, тој е најдобар стрелец-странец во поствоено Сараево, а во клубот е само година и половина.