Велковски разрешен, Спасовски не предложил негов заменик

Владата на денешната седница го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, чие барање за разрешување беше поднесено од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Министерот побара Велковски да биде разрешен по скандалот со службениот џип со кој ќерката на сега поранешниот директор на БЈБ била однесена на летување во Грција на Илинден.

Владата во текот на денот ќе издаде официјално соопштение за разрешувањето.

До изборот на нов директор, кој треба да го предложи министерот Спасовски и да го назначи владата, со Бирото за јавна безбедност ќе раководи актуелниот заменик директор на БЈБ, Бесир Деари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.