четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

„Со велосипед на факултет“- трка по повод патронатот на Универзитетот „Гоце Делчев“

Трката ќе се одвива во Штип, а целта ќе биде да се поттикнат студентите и останатите млади луѓе да употребуваат велосипед како свое превозно средство.

„Со велосипед на факултет“- трка по повод патронатот на Универзитетот „Гоце Делчев“

„Со велосипед на факултет“- трка по повод патронатот на Универзитетот „Гоце Делчев“

Последни вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ во рамките на одбележувањето на својот патронат ќе организира велосипедска трка.

Трката ќе се одвива во Штип, а целта ќе биде да се поттикнат студентите и останатите млади луѓе да употребуваат велосипед како свое превозно средство.

Настанот е со наслов „Со велосипед на факултет“, а идејата е студентите до факултет и назад да користат велосипед, со што значително ќе влијаат на своето здравје и на здравјето на другите луѓе преку заштита на животната средина.

Универзитетот веќе постави паркиралишта за велосипеди на сите свои кампуси и објекти.

На трката ќе учествуваат, аматери/рекреативци, но и професионални и лиценцирани велосипедисти.

Целиот настан ќе започне утре во 11.00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Најчитани вести