Велосипедист прегазен пред „Мавровка“

Велосипедист се бори за живот откако пред половина час бил прегазен на крстосницата пред ТЦ „Мавровка“. Очевидци за „Прес 24“ велат дека сликата била страшна.

На местото веднаш дошла екипа на Брза помош која го згрижила повредениот велосипедист. Велат дека најверојатно има тешки повреди, бидејќи ударот бил исклучително силен. Од полицијата сè уште нема потврда за овој случај.

Нема официјални информации  во каква состојба е повредениот,  ниту пак за неговиот идентитет.