Велосипедист тешко повреден во скопско Љубин

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа се случила кога велосипедистот Џ.Б. од Сарај бил удрен од А.Ј. од Бојане (33) кој управувал во автомобил Голф.

Велосипедистот бил пренесен во Поликлиниката Ѓорче Петров каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.