Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Возрасен 64-годишен сопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која во саботата околу 17,20 часот се случила на крстосница улицата „Димо Хаџи Димов“ со улицата „Божидар Аџија“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген поло“ со скопски регистерски таблици управувано од 40-годишниот Б.А. од Скопје кое удрило во велосипед управуван од Ц.П.од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот и тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош, а од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди и бил задржан на натамошно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.