Спорт

Велосипедистка загина на местото каде што падна Шумахер

Велосипедистка загина на местото каде што падна Шумахер

Младата холандска велосипедистка Анфлер Калвенхар загина при трка од Светскиот куп во моунти бајк на француските Алпи и тоа на истото место каде што Михаел Шумахер имаше скијачка несреќа.

Таа починала на интензивна нега во болницата Гранобел и покрај напорите на лекарите да направат се за да и го спасат животот.

-Сите сме многу потресени од оваа трагедија. Жал ми е што загубивме една добра, млада велосипедистка. Сакам да му изразам сочуство на семејството на Анфлер. Ова е голема загуба за нејзиното семејство и со ништо не може да биде надоместена, изјави претседателот на Светската велосипедска федерација, Брајан Куксон.

Дваесетгодишната Калвенхар паднала за време на квалификациската трка на подрачјето на скијачкиот центар Мерибел, по што почина во болницата во Гренобл.
Како за потсетување, на истото место Шумaхер се здоби со сериозни повреди на главата и половина година се наоѓаше во кома, така што се уште е неизвесно дали ќе успее целосно да се опорави.