„Велт“: ММФ ќе одобри нова помош за Грција

Меѓународниот монтарен фонд ќе отпушти нова помош за Грција, но при определени услови и тоа Фондот ќе го стори и покрај рациите на голем број од неговите членови, пишува германскиот весник „Велт“, пренесува МИА.

Весникот нагласува дека американски владини претставници кои побарале анонимност им дале уверување на нивните европски колеги дека ММФ ќе учествува во идниот трет спасувачки пакет финансиска помош за Грција, но во услови доколку Атина и нејзините кредитори постигнат спогодба за успешно финализирање на вториот пакет реформи.

„Велт“ оценува дека позитивните сигнали од Вашингтон се во корист и за германската поддршка, која учеството на ММФ го посочуваше како неопходен услов за учеството и на самата Германија во новата програма за помош на Грција.