ФОТО: Трите грации на годинешниот Венециски филмски фестивал

Дајен Кругер, Елизабет Бенкс и Алесандра Амбросио се прогласени за трите грации на годинешниот Венециски филмски фестивал. Tие се појавија во бели креации од познати брендови и заблескаа на црвениот килим.

Во средата беше отворен 72-иот по ред Венециски филмски фестивал. Станува збор за еден од најпрестижните европски (но и светски) фестивали кој се одржува од 2-ри до 12-ти септември.

Фестивалот беше отворен со проекцијата на британскиот филм „Еверест“ инспириран од катастрофата што се случи во 1996-тата година на Монт Еверест кога животот го загубија 8 планинари во страшната гужва предизвикана од силниот ветер и одронот на снег.

На отварањето присуствуваа голем број познати лица, а сепак кралици на вечерта беа Дајен Кругер и нејзината колешка Елизабет Бенкс. Подеднакво внимание привлече и бразислската убавица Алесандра Амбросио.

Алесандра Амбросио
Алесандра Амбросио

Алесандра која патем, не пропушта ниту едно издание на филмскиот фестивал, овој пат се појави во чипкаста креација на брендот Филозофи која некако повеќе одговара за на плажа, отколку за на црвениот килим, но како и да е познатата манекенка, сепак изгледаше доволно гламурозно.

За тоа доплонително придонесе нејзиниот природен изглед, светкавиот отсјај на материјалот и дијамнтските обетки, па комплетниот изглед беше целосно екстравагантен.

За разлика од неа, Дајен Кругер и Елизабет Бенкс играа „на сигурни карти“ па се појавија во типични креации наменети за црвениот килим.

Дајен Кругер
Дајен Кругер

Германската убавица, за отврањето на годинешниот Венециски филмски фестивал одбра креација на Прада.

За сивкасто-белата креација со раскошната чипкасто-свиленкаста наметка, модните познавачи имаат само една единствена забелешка. Според нив, фустанот е осмислен за некоја многу повозрасна жена, како што е Хелен Мирен или Џулијен Мур, а не за шарматната и младолика Дајен.

Елизабет Бенкс
Елизабет Бенкс

Нејзината колешка Елизабет Бенкс која воедно одамна не ја имавме видено на ниту еден поважен настан, на отварањето на годинешниот Венециски филмски фестивал блесна во бел фустан со необични детали и полуотворен грб, креација на Долче и Габана.

Елизабет Бенкс
Елизабет Бенкс