Свет

Венецуела: Лидерката на опозицијата обвинета за заговор за убиство на Мадуро

Венецуела: Лидерката на опозицијата обвинета за заговор за убиство на Мадуро

Венецуела ја обвини лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо за учество во заговор за убиство на претседателот Николас Мадуро, соопшти вчера венецуелското обвинителство, пренесе МИА.

Мачадо, која ги предводеше уличните протести против Мадуро на почетокот на годината, ги отфрли обвинувањата и ги нарече „фарса“, чија цел е да ја замолчи и да го одвлече вниманието на јавноста од растечката економска криза во Венецуела.

– Не постои кривично дела за кое можат да ме обвинат. И покрај напорите на Владата да ме згази ќе продолжам да се борам, изјави таа.

Мачадо истакна дека Владата ја обвинува бидејќи таа тврди дека во Венецуела владее диктатура.

Доколку биде прогласена за виновна таа може да добие 16 години затвор.