Венецуела: Немирите се проширија и надвор од Каракас

Припадниците на специјалните единици на Венецуела се испратени во граничното подрачје на Венецуела, каде што се случуваат судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти, соопштило Министерството за внатрешни работи во Каракас.

Противниците на претседателот Николас Мадуро тврдат дека тој ја ангажирал војската и полицијата против сите оние кои што го критикуваат поради тешката состојба во земјата.

Насилството ширум Венецуела ескалираше од опозициониот собир на 12-ти февруари во Каракас, по кој што следеле судири меѓу млади активисти и припадници на Националната гарда.