Венецуела воведува визи за Американците, Буш и Чејни добија забрана за влез

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави воведување влезни визи за државјани на САД и побара скратување на американскиот дипломатски персонал во Каракас, пренесе МИА.

Во јавно обраќање, Мадуро рече дека на некои Американци ќе им се забрани влез на територијата на Венецуела.

– Неколку политички лидери на САД, кои ги нарушиле човековите права, бомбардирајќи земји како Сирија,Ирак и Авганистан, нема да можат да влезат во Венецуела, затоа што се терористи, рече Мадуро.

Претседателот ги наведе имињата на Џорџ Буш, потпретседателот Дик Чејни и двајцата републикански конгресмени Боб Мелендес и Марко Рубио.

Венецуела и САД немаат разменето амбасадори од 2010 година, но одржуваат дипломатски односи преку пониски рангови на дипломати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.