Венецуелската опозиција по изборниот пораз поставува услови за дијалог

Венецуелската опозиција го отфрли секој дијалгот со владата без незавсна проверка на валидноста на венецуелските регионални избори на коишто надмоќно победи левичарската партија на претседателот Николас Мадуро.

„Нема де се вклучиме во никакви расправи или преговори додека не се спроведе таква проверка и бараните промени за нормално спроведување на политичките права на Венецуелците“, изјави во понеделникот ноќта Анхел Оропеза во име на опозициската коалиција Маса на демократското единство (MUD) на прес-конференција.

Конкретно, опозицијата бара „меѓународна веродостојна проверка“ на изборите одржани во неделата на коишто не беше дозволено присуството на меѓународни набљудувачи.

„Ги повикуваме венецуелскиот народ и светот да се борат против новиот изборен систем и итно распишување слободни и транспарентни избори“, додаде Оропеза обвинувајќи ја власта за „измами, насилство, неправилности, манипулации, изнуди и уцени во негирањето на волјата на Венецуелците“.

Коментаторите оценуваат дека е се’ подалечна можнота за брзото излегување од долготрајната криза за земјата со најголеми нафтени резерви на светот зафатена и со големи политички и економски проблеми.

Според официјалните резултати, Обединетата социјалистичка партија на Венецуела ја освоила власта во 17 од 23 сојузни држави во земјата, соопшти Националниот изборен совет.

Избраните гувернери би требало да ја положат заклетвата во вторникот пред Уставотворното собрание. Тоа е услов кој го наметна претседателот Николас Мадуро, но го отфрлаат неговите политички противници, коишто не го признаваат ова ново тело. Опозицијата, за којашто нејзините анкети предвидуваа победа во 11 од 18 држави, победи само во пет, додека последниот мандат уште беше непознат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.