Венецуелската опозиција тврди дека во текот на нејзиниот референдум има убиени

Провладините вооружени групи познати како „колективос“ кои сакаат да го спречат гласањето в предградие на венецуелската престолнина Каракас наводно убиле две лица а раниле уште пет, во текот на неформалниот референдум кој го организираше опозицијата против претседателот Николас Мадуро, објави опозицијата.

Карлос Окатриз во името на опозициската коалиција Демократска унија истакна дека „паравоените“ напаѓачи се појавиле во телот на попладнето во квартот Катија во Каракас во кој на опозицискиот настан се собрале илјадници луѓе.

„Наводно има двајца мртви“, открил Окариз пред новинарите.

Венецуелците во неделата гласаа на симболичниот референдум кој го организираше опозицијата за планот на претседателот Николас Мадуро за промена на уставот на земјата, откако веќе три месеца траат насилните протести во земјата.

Претставен како чин на „граѓанска непослушност“, овој референдум кој се одржува без дозвола од властите има за цел, како што вели опозицијата, да покаже до која мера населението се противи на идното Конститутивно собрание.

Според институтот за испитување на јавното мнение Datanalisis, речиси 70 отсто од граѓаните на Венецуела се противат на таквото тело, а 80 отсто го осудуваат управувањето на Мадуро со земјата коај е делумно парализирана и трауматизиран по над тримесечните протести во кои загинаа 95 луѓе.

Конститутивното собрание коешто го бара Мадуро, а чии 545 членови ќе се избираат на 30 јули, треба да го промени уставот за да осигури, според него, политичка и економска стабилност на Венецуела. Противниците на Мадуро го отфрлаат овој проект кој го толкуваат како негов обид да се заобиколи Националното собрание во кое од 2016 година мнозинство има опозицијата.

Од почетокот на април Венецуела ја потресуваат најмасовните речиси секојдневни протести последните години, кои ги организира опозицијата, кои се претворија во насилни. Причината за протестите беше одлуката на Врховниот суд со која се прошируваат овластувањата на претседателот на државата а се ограничуваат на парламентот кој во моментов го контролираат политичките противници на Мадуро. Ситуацијата се влоши и по одлуката на претседателот да свика Конститутивно собрание, без притоа да се спроведе референдум за измена на уставот на Венецуела.

Во текот на политичката криза, според официјалните податоци, најмалку 95 луѓе ги загубиле животите, а повредени се околу 1.500, додека неколку илјади се притворени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.