Венецуелската војска собори авион што пренесувал дрога

Венецуелската војска соопшти денеска дека над карипското Море, во близина на островот Аруба, соборила цивилен авион кој пренесувал дрога откако одбил да се приземји, објави МИА.

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино изјави дека авионот, кој вчера влегол во воздушниот простор на Венецуела без дозвола, не одговорил на повикот веднаш да се приземји.

Авионот е регистриран во САД, а 400 пакети дрога, главно кокаин, пронајдени се покрај трупот на авионот, како и човечки тела, соопштија властите на Аруба.