Венера во Лав: Нова шанса за сите проблематични љубовни врски

Девица

Инконјукцијата на Венера и Нептун буди љубовен занос но носи и нови понуди, особено ако поради работа сте присутни во јавноста. Ако вашата професија подразбира работа со клиенти, ќе бидете успешни.

Вага

Конјукцијата на вашиот владетел Венера и Уран во Овен ви носи можност за разделба од партнерот, поради неговото патување. Ќе ви пристигнат пари ако се занимавате со некоја креативна работа или работите во медиумите.

Скорпија

Аспектот меѓу Венера и Нептун во куќите на кариерата и креативноста може да ви донесе романса со некој уметник или некој што живее во странство. Ако се занимавате со издаваштво, ќе бидете успешни.

Стрелец

Венера во деветтото астролошко поле под влијание на Марс, симболот на сексуалноста од полето на тајните навестува тајна романса со некого што ќе го запознаете на некое патување или предавање.

Јарец

Тригонот меѓу Венера и вашиот владетел Сатурн, планетата на минатото, може да ве поттикне да ја обновите врската со некоја стара симпатија, особено ако сте во позрели години.

Водолија

Аспектите на планетата на парите и акцијата ви носат заработка преку паралелни извори на приходи, додека квадратот меѓу Венера и вашиот владетел Уран ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци.

Риби

Токму владетелот Нептун во вашиот знак во предизвикувачки аспект со планетата на љубовта, навестува романса на некое патување. Ако сте уметник, анторполог, фармацевт или лекар ќе бидете успешни.