Венера во Вага: Поволно време за љубов

Ова е време поволно за почеток на врска (која има шанси да премине во брак), веридба и склопување брак. Венера во Вага е жедна за љубов, сака да сака и има возвишени идеали за љубов – сето тоа сега може да се оствари.

Венера во аспект со Сатурн носи истрајност во остварувањето на желбите.

Во љубовта влијае врз стабилноста, посветеноста и верноста која ги зацврстува постоечките врски. Ако сте сами ќе ја препознаете личноста што би можела да биде во совршена согласност со вас и која може да ви биде добар партнер во се, затоа ова е поволно време за љубов.

Тежнеењето за убавина во овој период создава убавина. Венера во вага не тера да бидеме во состојба да создадеме хармонија во себе и околу себе си. Таа е подготвена да ја прифати различноста, да сфатиме дека таа е наше дополнување, нешто што може да направи и ние да се чувствуваме исполнети ако ја прифатиме другата страна, партнерот, саканата личност или пријателот како некој кој што е таков каков што е. Тогаш се создава соодветност.

Саканата личност можете да ја запознаете во некое друштво, на јавно место, концерт, уметнички настан… Колку повеќе сте отворени за љубов и соодветност во односите – тоа ќе се случи во овој период, онолку колку што сте во состојба со своите желби и однесување да ја привлечете! Не заборавајте дека убавината, шармот, тактичноста и желбата за усогласување ви носат љубов и ве водат кон партнерство, соединување во љубовта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.