Спорт

Венгер доби покана да биде селектор на Франција

Венгер доби покана да биде селектор на Франција

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал откри дека актуелниот менаџер на “топчиите”, Арсен Венгер, пред неколку дена добил понуда да биде селектор на фудбалската репрезентација на Франција и да ги предводни популарните “Галски Петли” на престојното Еевропско првенство кое ќе се одржи во Франција во 2016 година.

“Пред неколку дена Венгер беше контактиран од Фудбалската федерација на Франција. Доби покана да биде селектор на националниот тим, да ја предводи Франција на ЕП 2016 година. Голема е вројатноста дека ќе ја прифати понудата на ФФФ. Мислам дека му се допадна таа идеа, богатата кариера да ја заврши како селектор на Франција. Последното камче од совршениот мозаик. Да не заборавиме и дека може да биде предводник на Франција која ќе игра на домашен терен и ќе ја има подршката на најверните фанови”, изјави анонимниот извор.