Спорт

Венгер е главниот виновник за новиот договор на Росицки

Венгер е главниот виновник за новиот договор на Росицки

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер откри дека во најбрз можен рок, репрезентативецот на Чешка, Томаш Росицки ќе го потише новиот договор.

“Росицки ќе остане на “Емирати”. Гарантирам со 100 отсто. Веќе постигнавме договор околу новото продолжување на соработката. Се дефинираат последните детали од новиот договор. Јас лично побарав да добие нов договор и да остане во Лондон што е можно подолго. Мислам дека се враќа во посакуваната форма, а одигра фантастично на последниот првенствен натпревар против екипата на Сандерленд. Неговата креативност ќе ни биде потребна во финишот од актуелната сезона”, изјави трофејниот француски стручњак.