Венгер го чека Дрекслер, а Гуркуф е алтернатива

Доколку не успее во намерата, во следните неколку дена да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, Џулијан Дрекслер, менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер своето внимание ќе го насочи кон фудбалерот на Олимпик од Лион, Јоан Гуркуф.

Од поодамна се знае дека раководните лица на Арсенал се подготвени да одвојат околу 37 милиони евра за услугите на репрезентативецот на Германија, Џулијан Дрекслер, но таквата понуда се уште е неприфатлива за челниците на Шалке кои 20-годишниот играч за врска го проценуваат на 50 милиони евра.

Трофејниот француски стручњак е подготвен да чека уште неколку дена, а доколку добие нов негативен одговор од челниците на Шалке, своето внимание ќе го насочи кон Гуркуф чии потпис може да биде обезбеден и со понуда од 15 милиони евра.