Венгер го понуди Подолски и 25 мил евра за услугите на Дрекслер

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер и понатаму не се откажува од намерата да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш Шалке, Џулијан Дрекслер.

Според последните информации кои пристигнуваат од “Емирати”, челниците на Арсенал планираат на стартот од следната недела да испратат нова официјална понуда за 20-годишниот играч за врска.

Популарните “топчии” сега се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за репрезентативецот на Германија, но се подготвени во обратната насока да го испратат и сонародникот на Дрекслер, Лукас Подолски.

Трофејниот француски стручњак сака што е можно побрзо да се ослободи од услугите на Подолски кој во изминатите неколку месеци постојано се повредува и во новата сезона има одиграно само неколку натпревари.