Венгер го прави Кедира нов топчија

Освен што се на само пола чекор од реализиација на веќе најавениот трансфер на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез, раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги обезбедат и услугите на германскиот интернационалец од редовите на новиот европски клупски шампион, Реал (М), Семи Кедира.

Најпознатите фудбалски медиуми на Островот пред неколку часа ја пласираа информацијата дека челниците на Арсенал веќе испартиле официјална понуда за одличниот играч за врска која не е помала од 30 мил. евра.