Венгер ќе понуди 20 мил. фунти за Алексис Санчез

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер не се откажува од намерата да ги осигура услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез.
Репрезентативецот на Чиле по натпреварот против Шпанија изјави дека е среќен на “Ноу Камп” но птцети дека нема ништо сигурно во фудбалскиот свет, дека еден ден играш за еден клуб, а веќе во следниот си продаден на некој друг клуб.
Ваквата изјава на Санчез делуваше екстра мотивирачки врз трофејниот француски стручњак кој е убеден дека услугите на крилниот напаѓач можат да бидат осигурани и со официјална понуда не помала од 20 мил. фунти.