Венгер најпосле сфати дека не бива со еден напаѓач

На актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер му беше потребно малку повеќе време за свати дека единствениот напаѓач, Оливие Жиру не може да биде решение за сите проблеми пред противничкиот гол.

Близок извор до таборот на популарните “топчии” потврди дека трофејниот француски стручњак побарал од клупските челници за време на летниот преоден рок да купат уште еден напаѓач од светска класа.
Прв на неговиот список со напаѓачи е репрезентативецот на Јужна Кореја и стандарден првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Сон Хеунг-Мин.

Според челниците на германскиот бундеслигаш, 22-годишниот напаѓач вреди околу 20 мил. евра, но англиските медиуми се убедени дека најавениот трансфер може да биде реализиран и доколку лондонскиот клуб испрати официјална понуда не помала од 17 мил. евра.