Венгер не е заинтересиран за Димитар Бербатов

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, откри дека не е точна информацијата дека “топчиите” подготвуваат официјална понуда за бугарскиот интернационалец од редовите на Фулам, Динитар Бербатов.
“Бербатов? Во овој момент ние не сме заинтересирани за тој напаѓач. До сега не сме оствариле контакт со ниту еден фудбалер, со ниту еден напаѓач. Моментално ги разгледуваме сите опции кои ги имаме на располагање и морам да признаам дека нема нешто квалитетено кога е во прашање зимскиот преоден рок”, изјави трофејниот француски стручњак.