Спорт

Венгер не сака да биде тренер на Монако

Венгер не сака да биде тренер на Монако

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека во новата клупска сезона ќе биде предводник на вицешампионот на Франција, тимот на Монако.

“Му посакувам се најдобро на Монако. Сите знаат колку го сакам тој тим, дека таму ги имав првите успеси во фудбалскиот свет, но јас не сум заинтересиран за тренерската фотелја на “Луи Втори”. Колку што знам, Монако се уште има тренер, и тоа многу добар тренер. Раниери заслужува максимален респект”, изјави францускиот стручњак.

За разлика од француските медиуми, фудбалските медиуми на Островот се убедени дека во следните неколку дена, Арсен Венгер ќе го потпише новиот договор кој го обврзува да остане на “Емирати” до 2017 година.