Венгер не жали по Луис Суарез

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер откри дека не жали по пропуштената шанса за да ги осигура услугите на најголемата ѕвезда во дресот на Ливерпул и моментално прв стрелец во домашниот шампионат, уругвајскиот интернационалец, Луис Суарез.

„Понекогаш, не ти е сеедно кога некој фудбалер што во минатото играл за твојот клуб сега игра добро и постигнува погодоци во дресот на некој дриг клуб. Сепак, тука станува збор за фудбалер кој никогаш не играл во дресот на Арсенал. Имавме ситуација во која фудбалерот не се пресели на ’Емирати’ и толку. Не жалам по Суарез, зборуваме за нешто што е веќе дел од минатото”, изјави трофејниот француски стручњак.