Венгер очекува неизвесност до самиот крај

Трофејниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека последното првенствено коло ќе даде одговор на прашањето каде ќе заврши шампионскиот пехар во англиската Премиер лига.

“Според мене, последното коло ќе даде одговор на прашањето кој ќе биде новиот шампион на Англија. Сега за сега нема ништо сигурно. Тој што е во најконстантна форма, тој ќе ја освои шампионската титула. Сепак, сите претенденти за победничкиот пехар имаат по неколку тешки натпревари до крајот од актуелната сезона. Нема лесен натпревар, нема лесен противник во Англија. Ние мора да се фокусираме само на нашите натпревари, мора да се фокусираме на нашата игра”, изјави францускиот стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.