Венгер планира да биде скржав во јануари

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер откри дека „топчиите” нема да купат нов играч за врска за време на зимскиот преоден рок.

„Не, нема да купиме нов играч за врска за време на зимскиот преоден рок. Против Њукасл настапивме без услугите на Месут Озил, без услугите на Арон Ремзи и успеавме да ги освоиме сите три бода. Имам на располагање уште три играчи за врска, нормално дека не сум го заборавил Артета кој влезе во игра од клупата за резервни фудбалери. Нема потреба од нов играч за врска”, изјави трофејниот француски стручњак.

Англиските медиуми во изминатите неколку недели ја форсираа приказната дека “топчиите” веднаш на стартот од зимскиот преоден рок ќе испратат официјална понуда за францускиот интернационалец од редовите на Њукасл и истата нема да биде помала од 20 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.