Венгер побара нова понуда за Ларс Бендер

За време на последниот состанок кој го имал со клупските челници, трофејниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер од истите побарал клубот повторно да испрати нова понуда за стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Ларс Бендер.

Челниците на Арсенал за време на зимскиот преоден рок испратија официјална понуда за 24-годишниот играч за врска вредна 15 милиони евра, но истата експресно беше одбиена од челниците на Баер со образложение дека Ларс има статус на недопирлив и дека вреди дупло повеќе од тоа што е понудено.

Трофејниот француски стручњак сега е убеден дека услугите на репрезентативецот на Германија можат да бидат осигурани и со понуда не помала од 20 милиони евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.