Венгер повторно го нападна Арјен Робен

Вербалната војна која трае на реалација Арсен Венгер – Арјен Робен доби ново продолжение откако трофејниот француски стручњак по реванш 1/8 финатпревар од Лигата на шампиони помеѓу екипите на Баерн (М) и Арсенал, изјави дека холандскиот интернационалец повторно покажал колку е добар глумец во противничкиот казнен простор.

„Во што е најдобар Арјен Робен? Да го извлече максимумот од некоја нормална ситуација. Робен е фантастичен фудбалер, но и одличен глумец. Со глума доби пенал на првиот натпревар во Лондон и истото го направи и на реванш дуелот во Минхен. Робен со право е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, но сите бевме сведоци на последната негова глума. Без мака го помина Санти Казорла и потоа намерно забави со цел да изнуди прекршок во нашиот казнен простор. Бараше и изнуди контакт,“ изјави менаџерот на Арсенал.