Венгер: Рицоли го уништи натпреварот, а Робен е голем глумец

Сосема нормално, вината за поразот од Баерн (М) во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсен Венгер ја лоцираше кај италијанскиот судија Никола Рицоли.

“Второто полувреме беше досадно за неутралните фанови. Имавме сообраќај во една насока. Судијата го уништи натпреварот, донесе непотребна одлука и го уби натпреварот. Во Италија, судиите за таков страт веднаш покажуваат црвен картон. Јас сум убеден дека немаше никаква намера во старот на нашиот голман, Шчесни тргна по топка и го допре Робен кој покажа дека е одличен глумец. Му кажав на Робен дека е највиновен за црвениот картон на Шчесни. Робен е доволно искусен и добро знае што треба да направи во таквата ситуација. Точно дека се чуствувам исфрустриран, бев сведок на одличен натпревар но само до крајот на првото полувреме”, изјави трофејниот француски стручњак.