Венгер сака повеќе погодоци од Месут Озил

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, откри дека пред неколку дена разговарал со германскиот интернационалец Месут Озил со цел да го информира дека од него очекува да биде далеку поефикасен пред противничкиот гол.

„Знам дека сака да биде тој фудбалер кој игра позади напаѓачите, кој поретко се запишува во листата на стрелци, тиј фудбалер кој е опседнат со совршеното додавање. Му кажав дека нема потреба од такво нешто, може во одредени ситуации и да упати удар кон противничкиот гол. Знам дека ќе ме послуша дека ќе има напредок во неговата игра. Му покажав неколку ситуации, му кажав дека истите се совршени за да упати удар кон противничкиот гол. Ќе ме послуша, убеден сум во тоа. Ние имаме проблем со напреварувачкиот ритам, немаме доволно време за тренинг. Играме на три дена, а кога ќе заврши сезоната, стартува Мундијалот во Бразил”, изјави Венгер.