Венгер си оди од „Арсенал“ на крајот од сезоната

Арсен Венгер, тренерот на англискиот премиерлигаш „Арсенал“ по 22 години ја напушта функцијата по крајот на сезоната, објави клубот на својата веб-страница.

По внимателно разгледување и разговори со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запамтени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам „Арсенал”, рекол Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

„Професорот“ дојде во Арсенал во 1996 година од јапонскиот „Нагоја Грампус 8“ и освои 17 трофеи меѓу кои три во Премиер лигата. Во сезоната 2003/2004 година ја предводеше генерацијата „непобедливи“, единствениот англиски тим кој стигнаа до титулата без ниту еден пораз во текот на целата сезона. Таа генерација се уште го држи рекордот за најмногу одиграни натпревари без пораз, дури 49. Во 2006 ја оркестрираше преселбата на Арсенал од „малиот“ Хајбери, изграден пред првата светска војна, на ултра модерниот 390 милиони фунти вреден „Емирати“ во северен Лондон. Следните 9 години „топчиите“ не успееа да усвојат ниту еден трофеј. Освојувањет на ФА купот во 2014-та беше првиот успех по 3.283 денови, триумфот во ФА купот Арсенал го повтори следната 2015, како и минатата година во финалето против Челзи, со што Венгер стана првиот менаџер кој седум пати го освоил англискиот куп.

„Арсенал“ во моментов е на шестото место во Премиерлигата, без шанси за настап во Лигата на шампиони следната сезона. Единствениот билет во најсилното европско натпреварување е преку Европа лигата, каде „Топчиите“ играат против „Атлетико“ Мадрид во полуфиналето.

Томас Тушел, Карло Анчелоти, Луис Енрике, Јоаким Лев, како и поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера, се спомнуваат како можни наследници на Венгер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.