Венизелос во посета на Македонија

Заменик премиерот  и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, во рамките на неговата турнеја низ шест главни градови на земјите во Западен Балкан, денеска е во Скопје на средби со македонскиот државен врв.

Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, Венизелос треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.

Венизелос пристигна во Скопје синоќа со автомобил од Приштина. Медиумите во Грција пишуваат дека и покрај тоа што грчката делегација патува со владиниот авион, во Скопје доаѓа со автомобил „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.

Шефот на грчката дипломатија од Скопје ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.