Венизелос ќе дошол во Скопје со познатата „умерена” и „одговорна” позиција за промена на Уставот

Посета на Скопје во својство на претседавач со Европската Унија најави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Посетата на која што е предвидено да се разговара за европската перспектива на западен Балкан, Венизелос ја најави во понеделникот , во говор пред Европскиот Парламент.

Одговарајќи на пратеничко прашање за западен Балкан, Венизелос специјално се осврнал на нашата земја, нагласувајќи дека грчкото претседателство ќе ги имплементира усвоените заклучоци од Европскиот и од Советот за надворешни работи што беа усвоени во декември.

„Како претседавач но Советот подготвен сум во следните денови да ги посетам сите држави од регионот и секако ќе го посетам и Скопје, без никаква разлика или одвојување и ќе имаме можност за разговор меѓу претседателството на Советот и Владата на Македонија. Откако ја презедов должноста, 2 пати се сретнав со македонскиот колега во Брисел и во Њујорк. Се сретнав и со лидерот на најголемата албанска партија што е дел од Владат, г-динот Ахмети. Знаете добро дека грчката позиција е умерена и одговорна. Истакнавме дека го почитуваме процесот во ОН, дека ја прифаќаме и почитуваме улогата на г-динот Нимиц и со него сме во близок контакт, изјави Венизелос.

Сложено име со географска одредница за вкупна употреба – Венизелос пред Европарламентот ја повтори наводно “умерената” и “одговорна позиција”, во рамките на која јасно побара и промена на нашиот Устав, нагласувајќи дека новото име требало да биде како за внатрешна така и за надворешна употреба.

И додека Грците и натаму повторуваат дека нивната црвена линија е наводно “одговорна” и “умерена”,  поранешниот постојан американски претставник во НАТО, Курт Волкер го тврди сосема спротивното:

Грците сакаат да сменат се, вклучително и тоа Македонците да го сменат својот Устав. Тоа е само пуста желба, тоа никогаш нема да се случи”, изјави Волкер за Си Ен Ен пред само неколку денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.