понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Венизелос: Македонија може да стане реалната европска граница

evangelos venizelos

Последни вести

Границите на Грција можеби нема да бидат повеќе граници на Европската Унија, а реалната европска граница ќе стане Македонија, изјави поранешниот лидер на ПАСОК и екс шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во гостување на телевизијата СКАЈ, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Постои опасност дека вистинската европска граница ќе стане ПЈР Македонија, а постои и ризик дека ние ќе се наjдеме овде заедно со уште илјадници луѓе, бегалци или мигранти без документи со кои што нема да можеме да се справиме, а ние сепак немаме јасни приоритети и јасни цели, изјави Венизелос.

Ваквиот развој на настаните според Венизелос, ќе ги поништи историските причини поради кои што Грција се приклучила кон Европската Унија во 1981 ва, кога претварајќи ги националните граници во европски, безбедноста на земјата била ставена на прво место.

Предупредувањата од Европската Унија која што на Грција и даде рок од 3 месеци да ги корегира недостатоците во однос на своите граници, во грчката јавност отворија многу прашања.

Во анализа на левичарскиот весник Авги се поставува дилемата: која од опасностите кои што и се закануваат, најмногу ја плашат Грција ? Излезот од Шенген зоната, илјадниците удавени на границите, тоа што во земјата ќе останат заробени десетици илјадници луѓе, предлозите за формирање на цели градови од бегалски кампови или пак тоа што Фронтекс ќе може да дејствува без да мора да одговара пред грчките власти?

Во меѓувреме, ПЈР Македонија минатата недела индиректно призна дека се нашла под притисок да продолжи со унилатералните акции што ги започна, зборувајќи дури и за усогласување со европските политики, уривајќи го при тоа митот за неинтервенирање во земја која што не е членка, како што пред два месеци тврдеа претставниците на ЕУ запрашани за одлуката на земјата за затворање на границите и селектирање според земјата на потекло, а од неодамна и според крајнатa дестинација”, се вели во текстот на Авги.

Најчитани вести