Венизелос жали за Кипар, Турција треба да престане да ги крши човечките права

Властите во Турција треба да ги почитуваат правата на граѓаните во Кипар, за да може да ги обнови преговорите за обединување на островот. Тоа го рече грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос при посетата на Анкара. Венизелос изрази жалење од прекинот на преговорите за Кипар.

Според него, ова се должи на фактот дека “Турција ги крши правата на Кипар во источниот дел на Средоземното Море”. На овој начин грчкиот дипломат го осуди присуството на турски брод во економската зона на Кипар. Венизелос ги повика властите во Анкара да го почитуваат меѓународното право за морските територии, пренесуваат грчките медиуми.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу од своја страна ги осуди активностите на властите во Никозија кои го кршат законот со едностраните активности во Средоземното Море кај експлоатацијата на природните богатства.

Чавушоглу очекува оваа година бројот на турските туристи во Грција да достигне еден милион. “Грција ќе ја олесни процедурата при издавањето на визи за турските граѓани”, рече од своја страна Венизелос. Тој нагласи дека подобрувањето на односите на Атина со Израел и Египет, не се насочени против Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.