СДСМ потпора за нападите на Венизелос на Македонија

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос повторно ги користи СДСМ како оружје против македонската евроатлантска интеграција, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Во интервју за весникот Реал, тој вели дека Грција ќе соопшти како во НАТО, така и во ЕУ, дека постои проблем со името, но зад него постојат и проблемите со односот на владата и опозицијата, со демократијата, со слободата на печатот итн.
“ Кога ќе појдеме во Европската Унија и во НАТО ќе им кажеме дека постои прашањето за името, но зад него е и прашањето за демокатијата, за човековите права, за владеењето на правото. Прашањето за односите меѓу Албанците и Македонците и прашањето за односот на Владата и опозицијата”, најави Венизелос.
Комнтирајќи ја последната рунда разговори за името, тој уште еднаш ги демантираше дезинформациите на Слободен печат, весник за кого грчките медиуми напишаа дека е близок до СДСМ, дека медијаторот ќе дал нов предлог.
 “ Нема нов предлог од Нимиц. Нема да има напредок во прашањето со името, бидејќи нема придвижувања од  другата страна”, вели Венизелос, реафирмирајќи ја уште еднаш позицијата за сложено име со географска одредница за вкупна употреба.
“Ова бара промена на уставното име. И новото име да се користи ерга омнес. Истото да биде и за меѓународна и за внатрешна употреба, во меѓународните организации и за меѓународните односи, за билатерални и за мултилатерални односи”, изјавил Венизелос.

Наспроти ова, во Грција се погласни и подиректни се пораките дека владата на Самарас не смее, но и дека нема да дозволи евентуалното решение да го содржи треминот Македонија, позиција што токму актуелниот премиер ја форсираше во периодот кога беше шеф на дипломатија