Венус Вилијамс предизвикала сообраќајка во која едно лице загинало

Триесет и седумгодишната американска тенисерка Венус Вилијамс предизвикала сообраќајна несреќа во којашто едно лице го загубило животот, објавија американските медиуми.

Споменатата сообраќајна несреќа се случила на 9 јуни, но полицијата не сакала да открие зошто таа информација досега не е објавена. Не се откриени, исто така, ниту деталите за несреќата. Полицијата во Палм Бич само изјавила дека една од најдобрите тенисерки на светот е под истрага. Додала дека не е утврдено дека Венус Вилијамс била под влијание на алкохол или дроги, како и оти не била повредена.

Според американските медиуми, сударот се случил откако Венус Вилијамс на раскрсница му ја земала предноста на друг автомобил кој се забил во нејзиното возило. Атомобилот го возела 68-годишната Линда Берсон којашто се здобила со неколку полесни повреди, додека нејзиниот 78-годишен сопруг Џером Берсон, кој седел на совозачкото место, се здобил со тешки повреди на главата. Две седмици по несреќата тој починал во болница.

Тенисерката преку својот адвокат изразила „најдлабоко сочувство на семејството коешто загибило сакан член“. „Венус влегла во крстосувањето додека било зелено светлото на семафорот, возела со брзина од 10 километри на час кога друго возило удрило во нејзиниот автомобил. Не доби никака казна, ниту е обвинета“, изјавил адокатот Маклолм Канингам.

Меѓутоа, очевидци тврделе дека Берсон влегла во раскрсницата на зелено светло, додека другото возило минало на црвено, пренесува таблоид порталот TMZ кој го следи светот на славните личности и вообичаено е меѓу најдобро и најбрзо информираните.

Венус Вилијамс беше најдобра тенисерка на светот во три наврата, вкупно 11 седмици. Последниот пат во 2002 година. Во моментов се наоѓа на 11-то место од табелата на ВТА. Нејзината две години помлада сестра Серена го очекува своето прво дете со вереникот Алексис Оханијан, а нејзиниот тим порача дека на терените ќе се врати набрзо по породувањето

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.