Македонија

Вера Лича од битолско Маловишта ќе добие топол дом

Вера Лича од битолско Маловишта ќе добие топол дом

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска во битолското село Маловишта ја посетија 73- годишната осамена старица Вера Лича, каде што општината од неодамна започна со обнова на нејзината куќа, а Министерството за труд и социјална политика и понатаму продолжува да и помага на оваа старица за која со години се грижи Центарот за социјална работа, пишува Нова Македонија.

Спасов потврди дека директната помош и поддршка на Лича и се доделува по нејзината цврста одлука да остане во својата куќа и да не се смести во Домот за стари лица „Сју Рајдер” каде ќе има подобри услови за живот.

-Кога дознавме за проблемот реагиравме веднаш. Ние во соработка со градоначалникот и Центарот за социјални работи во Битола интервениравме за овој случај, за тетка Вера, која е во социјален ризик и која живее во субстандардни услови, а со цел да и помогнеме да го надмине ризикот во кој што се наоѓа, но и да ги подобриме условите за нејзин живот, изјави министерот Спасов.