Вера од ,,Љубојна” на етно-денови во Капитол Мол

Вера од ,,Љубојна” на етно-денови во Капитол Мол
Вера од ,,Љубојна” на етно-денови во Капитол Мол

Оваа сабота, од 12 часот, Капитол Мол огранизира детска, интерактивна, музичко-драмскапретстава „Музичкиволшепства” а специјални гости ќе бидат ВераМилошевска-Јосифовска од ,,Љубојна” и фолклорното друштвото ОрцеНиколовкои ќе изведе автентични македонски танци и ора.

За сите оние кои ги поддржуваат традиционалните вредности, го сакаат фолклорот, старите обичаи и приказните кои што се пренесуваат од генерација на генерација, Капитол Мол креираше интересен настан кој има за цел чување и негување на културното богатство и традицијата на македонскиот народ.

Капитол Мол  е семејно оријентиран трговски центар, нераскинлив дел од многу семејни приказни, љубовни состаноци, детски родендени и интересни забави, место за квалитетен шопингот за сите генерации. Овој декември Капитол Мол ќе го прослави својот втор роденден, обезбедувајќи различни активности, игри, подароци, претстави, награди и многу забава.

На 24 октомври од 12 часот, Капитол Мол одново приредува детска, музичко-драмска претстава со маестро Зоран Џорлев, а ќе настапуваат и детските фолклорни таленти од друштвото ОрцеНиколов.

„Со овој проект сакавме да покажеме дека сме „носители на традицијата“оние кои ја продолжуваат, учат и пренесуваат, бидејќи сметаме дека традицијата е таа од која ги црпиме сите вредности според кои живееме денес. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент, да учествуваат во работилниците, да научат нешто за традицијата и да си заминат одовде со вредни награди“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Етно деновите се отворени за сите, а учеството во сите активности е бесплатно.

Дополнително, месец октомври во Капитол Мол е и месец на подароци.

Со секое пазарување над 500 денари се добиваат вредносни купони чии поени се генерираат и првите 223 учеснициштоќеосвојатнајмногупоенидобиваатвредни награди; првиотдобива iPhone 6, вториотSony Experia Т3 , третиоттаблет, а и останатите ги очекуваат многу други награди.

За повеќе информации околу „Месецот на награди“ посетете ја веб-страната www.capitolmall.mk/podaroci